13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

„Комити“ сепак пристигнаа во Солун: Грчките медиуми ги посочија како најопасни (ФОТО)

Збратимените навивачки групи „Комити“ и „УГЕ“ сепак вечерва заедно ќе го бодрат Шалке на натрпеварот против ПАОК. И покрај забраните од грчкиот тим дека нема да дозволи македонски навивачи да пристигнат во Солун, тие денес пристигнале во градот.

На социјалните мрежи излегоа фотографии на кои група навивачи се фотографирале со маици на кои има симболи на навивачката група „Комити“. Грчките медиуми, навивачите на Вардар ги посочија како најопасни меѓу групата.

Инцидентите започнаа уште на пладне, кога полицијата имаше судир со навивачите, па при самиот судир беше демолирано едно од кафулињата во Солун.

Мечот меѓу ПАОК и Шалке започнува во 21:05, а останува прашањето дали македонските навивачи ќе влезат на требините.

поврзани објави

Последни објави