Најмалку единаесетмина луѓе загинаа во напад на екстремистите на исламската група Боко Харам на североистокот во Нигерија, јавуваат од безбедносните сили на државата.
Нападот е извршен во Маидугури, клучниот град во североисточна Нигерија, силна експлозија одекнала околу полноќ кога три жени самоубијци дигнале во воздух камиони во периферијата на градот.
Единаесет загинале а седум борци на граѓанската самоодбрана се борат за живот по експлозијата.
„ Повеќето од камионите се уништени, како и вредна стока која се наоѓала во нив, наменета за извоз во Чад“, изјави еден од сведоците.