fbpx
11.8 C
Skopje

САД ја повикува Кина да помогне во смирувањето на Северна Кореја

АКТУЕЛНО

Шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон денеска ја повикал Кина да помогне со сите расположливи средства во смирувањето на Сeверна Кореја после новото тестирање на ракетите, јавува потпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.

Тилерсон на состанокот со својот кинески колега Вангон Јием на маргините на состанокот на Групата 20 индустриски развиени земји (G 20) во Бон рекол дека се повеќе расте опасноста од нуклеарната и балистичка програма на Северна Кореја.

 Американскиот државен секретар ја повикал Кина да ги искористи сите можни средста да ја смири атмосферата и оденсувањето на Северна Кореја.

Северна Кореја на 12-ти фебруари испали балистичка ракета, која прелетувајќи околу 500 километри паднала во Јапонското море.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -