24.8 C
Skopje
петок, октомври 24, 2025
spot_img

Без изненадувања во кошаркарскиот Куп на Македонија – познати полуфиналните двојки

spot_img

Со одигрување на сите четвртфинални дуел од Купот на Македонија во салата „Јасмин“ во Кавадарци се комплетираа полуфиналните парови.

Во првото полуфинале утре силите ќе го одмерат Карпош Соколи и Работнички, дуел кој е закажан со почеток од 18.00 часот, додека во второто полуфинале ќе се сретната домаќинот Фени Индустри и бранителот на титулата МЗТ Скопје, дуел кој се игра со почеток од 20.30 часот.

Комплетни резултати од денешните четвртфинални дуели:

Карпош Соколи – Вардар 92-84

Фени Индустри – АВ Охрид  112-69

Работнички – Куманово 87-81

МЗТ Скопје – Кожув 83-72.

поврзани објави

         

Последни објави