13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Напад со нож во „Скопје Сити Мол“, едно лице рането

Вистинска драма се одвивала синоќа во „Скопје Сити Мол“, каде околу 21 часот, на големата тераса дошло до физичка пресметка помеѓу две лица.

На инцидентот му претходела вербална расправија меѓу двете лица, по што едниот со нож му нанел рани на другиот, по што повреденото лице итно било префрлено во Ургентниот центар.

По немилиот настан, брзо реагирала полицијата која го привела напаѓачот, а поради инцидентот, забележително беше и поголемо присуство на полицијата во „Скопје Сити Мол“.

И покрај ситуацијата, „Скопје Сити Мол“ работеше непречено и без проблеми.

поврзани објави

Последни објави