Сите модели кои ги произведува Ферари, за две години, поточно од 2019 година ќе бидат на хибриден погон, соопштија од фабриката.
Извршниот директор на овој бренд, Серџо Марчионе, го гледа хибридниот погон како инстант профит преку зголемувањето на продажбата. Моментално овој бренд произведува 8000 автомобили годишно, а до 2019 се очекува да дојдат до бројката 9000.
За да расте овој луксузен бренд, а воедно и акционерите да бидат среќни, се очекува хибридната технологија да се употребува во големи размери. Марчионе изјави дека Ферари би можеле да продаваат повеќе од 10000 автомобили годишно до 2025 година, што звучи не премногу амбициозно и недостижно, туку доста возможно.
Интересно е тоа што откако овој луксузен бренд се оддели од Fiat-Chrysler, доста добро им оди. Продажбата се зголеми за 8%, додека на секое тромесечие, поточно на третото од оваа година, приходите се зголемија на 10%. Иако од компанијата планираат да се прошират во луксузната индустрија, засега планираат фокусот да го остават на автомобилите.