13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Во експлозија на автомобил- бомба во Сомалија загина 18 луѓе

Најмалку 18 луѓе се убиени а 25 ранети во експлозија на автомобил- бомба во пазар во сомалиската престолнина Могадишо.

Бројот на мртви го потврди и Ахмед Абдул Афрах, начелник во округот Вадајир во кој е изведен бомбашкиот напад.
„ Бев во својот дуќан кога автомобилот експлодираше. Видов повеќе од 20 луѓе кој лежеа на земјата. Повеќето од нив беа мртви, а пазарот беше потполно уништен“, изјавил очевидец.

Ал Шабаб, исламска побунувачка организација која се бори против сомалиската влада често изведува напади во главниот град, но засега не ја превзеде одговорноста за овој напад.

поврзани објави

Последни објави