6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

БЕСА: Состаноците на ДУИ и Алијансата повеќе личат како разговори за коалиција, отколку за декларацијата!

Движењето БЕСА реагираат за, како што велат тие непримерното свикување на средби од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој се сретнува со претставници на Алијансата за Албанците, а таквиот негов потег го оценуваат како политички обид да придобијат во пресрет на локалните избори.

„Притоа, ја изразуваме нашата згрозеност за фактот дека претседателот на ДУИ и еден нивен пратеник, во нивните јавни настапи, на инфантилен начин изјавија дека Декларацијата е изготвена во Скопје, па дури и дека самите ја изготвиле. Ова не само што не е вистина, истотака е навреда за олеснувачите за постигнување на таа Декларација, како и за неговите подржувачи“, велат од БЕСА.

Од БЕСА го посочуваат Али Ахмети како главен виновник, кој и одземал два пратеници на БЕСА, за да како што велат им ги даде на ВМРО-ДПМНЕ.

„Таквите политичари немаат легитимитет да ги застапуваат Албанците, ниту се достојни да свикаат средба на албанските политички партии во Македонија. Нивниот лидер може да биде поглавар на некоја партија или алијанса, но за нас тој е главниот виновник за актуелната состојба на Албанците во Македонија“, велат од БЕСА.

Ваквите иницијативи, кои наводно ги имаат за цел албанските интереси, за БЕСА се со лоши намери и за цел ја имаат само рехабилитацијата на оние кои 15 години екстремно го уништија интересот на Албанците во Македонија.

„Затоа, се додека нема иницијатива за свикување на тркалезна маса според тоа што сме се договориле, тоа значи дека нема воопшто да се организира. Состаноците кои се одржуваат во име на Декларацијата, повеќе личат на разговори за коалиција на ДУИ –Алијанса отколку на масата договорено со Декларацијата“, велат од БЕСА.

поврзани објави

Последни објави