Русија остана затекната со нов смртен случај на амбасадор, сега во Обединетите Нации (ОН) откако изненадно почина Витали Чуркин во Њујорк.
Амбасадорот на Русија во ОН имаше 64 години, а оваа функција ја извршуваше од 2006 година. Почина на ден пред својот 65. роденден од срцев удар. Ова е уште еден во низа смртен случај на амбасадор на Русија откако претходно беше убиен амбасадорот во Турција, а потоа почина и оној во соседна Грција.