14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

УХМР: Продолжува да се зголемува нивото на Охридското езеро

Денес од УХМР најавуваат дека нивото на Охридското езеро е за два сантиметра над дозволениот минимум, додека пак водостојот на Црн Дрим кај Ложани е значително намален.

Од УХМР велат дека водостојот за февруари на Црн Дрим до сега просечно е околу 123 сантиметри, додека вчера изнесувал само 20 сантиметри.

Намалени нивоа се измерени и на Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катланово, Крива Река кај Крива Паланка, додека пак повисоки од просечното ниво на Вардар кај Јегуновци, Треска кај Македонски Брод и Брегалница кај Штип.

поврзани објави

Последни објави