-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

СДСМ и Алијансата на средба во Палас ќе го разгледуваат нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик.

Претставници на Социјалдемократскиот сојуз и Алијансата за Албанците денес ќе се сретнат во хотелот Александар Палас каде ќе ги разгледуваат  материјалите за нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик.

Тројката преговарачи од СДСМ ќе бидат заменик претседателката Радмила Шеќеринска, генералниот секретар Оливер Спасовски и потпретседателката Рената Десковска, а од Алијансата како преговарач ќе се појави Арбен Таравари и други членови од коалицијата.

Претседателот на Алијсаната во неколку наврати потврди дека ќе ги даде потписите на Заев, но тоа не значи дека ќе биде и поддршка за формирање на Влада.

поврзани објави

Последни објави