13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Во последните 26 години

Пишува: Иван Ставров

Во последните 26 години, а посебно последниве 2 години, политиката и политичарите во Република Македонија станаа сензација и тема број 1. Земаа толку голем замав и немилосрдно пуштија толку големи корења и канџи што успешно навлегоа како демони во секој дел од нашето општество, во човечката душа, во домовите, семејствата, религиите, црквите, државните институции,улиците, кафаните, рестораните, пријателствата, другарствата, културата, па дури и во природата и воздухот што го дишеме се осеќа тој негативен, депресивен мирис на нешто гнило, на разединување,што со тек на време се повеќе се шири како рак и јаде се живо и диво околу себе,што и егзорцизамот стана преслаб да се справи и бори со таа мрачна сила.

     Во изминатиов период  како минуваше еден ден, а доаѓаше друг, гледав и се чудев како мнозинство на луѓе кои што се занимаваа со дејности што се многу подалеку од зборот ,,ПОЛИТИКА”, наеднаш станаа експерти и поголеми политичари од политичарите. Нивните занимања каде што не им е место во таа група на луѓе, свесно или несвесно едни се прикачија од страна на демоните во позиција поради стравот што се наметнува во последните 10 години со нивните ,,дежа ву” сценарија што ги прават врз народот, а другите се прикачија од страна на демонските опозициски партии барајќи некоја надеж и спас за подобро утре т.е илузија подметната од ѓаволот, што веќе 25 години од прогласувањето за суверена и независна држава ги гледаме цело време како истите деца на Луцифер му создаваат таква атмосфера на луѓето верници во бога, да и завртат грб на вистината, а да си ги продадат и предадат своите души на лагата. Дојдоа до степен луѓето во Македонија од различни националности што живеат заедно во оваа држава, да ги насочат кон братоубиствени војни, да сеат страв, немири, да се удараат во гради кој е кој, да се омаловажуваат, да се плукаат помеѓу себе, а не знаат ни самите зошто, да бидат инспирирани само од онаа негативна страна што намерно некој му ја пуштил во етерот и истовремено да се диват и восхитуваат на такви дегенерици, што смислиле различни сценарија да им го одвлечат вниманието на нашите испрани мозоци,да размислуваат на теми што воопшто нема ни малку вистина од тоа што го зборуваат пред јавноста и најголемите перачи на мозоци ,,медиумите” и ,,социјалните мрежи” што почна лично мене многу да ме иритира фактот дека државата во која живеам да ја гледам како некои  безсрамници за нивни цели и интереси со смислена и тактичка игра го уништуваат мојот народ и со намера да си ги вадиме очите без разлика на нашата национална припадност дали сме  биле Македонци, Бугари, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци. Ние живееме заедно на ова тло и на ова мало парче земја и не смееме да дозволиме да бидеме поделени и разединети поради срамните и ниски потези што ги прават секојдневно веќе нашите лажни ,,патриоти” (криминалци со сечени, монтира ни, лепени од странски служби разговори политичари) од власта и опозиција та, на кој што сме им дале доверба да ја водат државата кон еден прав и ста билен пат за доброто на сите нас, односно против нас. Како деца па макар и сега нашите родители, учители, наставници и професори, никогаш не не учеле како едни луѓе треба да ги сакаме, а други да ги мразиме и убиваме. Секогаш сме учеле како треба да си помагаме еден на друг, да се сакаме, да шириме љубов помеѓу луѓето, но не да се служиме со манипулации и превари да ги намамиме невините луѓе како магнет едни да се доближат на една страна, а други на друга и после тоа да ги скараме помеѓу себе.

      Зборувате секојдневно за некоја демократија, но јас ниту ја осеќам ниту ја гледам истата,туку се наоѓам во една затворена диктаторска држава  во која што обичниот човек не е воопшто ценет, почитуван и се чувствува како роб, дури и оние слободните што беа некогаш и независни ги направивте да зависат од вас и да се плашат да прозборат слободно за нивните проблеми, затоа што после следуваат казни санкции и уцени,па дури некој и мистериоз но исчезнуваат. Во оваа држава народот е целосно запоставен и ставен на последно место, иако треба да е на прво. Но кога некој би размислил свесно и подобро, вие сите господа од политичката елита не заслужувате ниту еден глас, туку треба да се свртат сите кон вас и нашиот народ да ја земе судбината во нивни раце. Ве видовме сите  како водите држава и повеќе не ни се потребни неспособни лица на политичката сцена. Јас како млад човек би ве замолил сите да си заминете од политиката. Нам не ни требаат луѓе што донесоа само зло, црнила и едно големо ништо во Република Македонија. Нас ни е потребна млада сила демократски настроена со прогресивни мисли и идеи, што ќе се борат и стремат за подобра иднина на секој граѓанин во Македонија, сила која што ќе ги победи заостанатите Балкански размислувања,а ќе ги донесат Европските вредности и истовремено ќе не обединат 2 милиона народ да бидеме едно исто,да бидеме безбедни, сигурни и среќни каде што ќе преовладува убава, позитивна атмосфера и хармонија, не да паѓаме во депресија и да сме опседнати со црни и мрачни мисли. Со вашата за жалење мизерна политика што сега ја водите во Македонија, не донесовте до овој степен да паднеме во бездна.И доколку не успееме да најдеме начин и излез од неа за 4-5 години ќе бидеме најзаостаната држава и на последно место во светот.

      Народот во Македонија заслужува достоинствен, квалитетен и подобар живот, а тоа се добива по пат на демократија без присила и членска книшка од политичка структура, каде што се слушат овие зборови: ние ќе те вработиме но треба да знаеш дека треба да работиш и одработуваш за нашата партија и интереси,да си наш послушник па ако треба и ќе се жртвуваш за нас.Во кој век живеете вие и какви се тие ваши принципи за работа?Кога станува збор за човек никогаш не се гледа дали е лев или десен, сите сме исти под ова поднебје и доколку идната власт не се избори народот да го стави во прв план, пред нивните лични интереси, Република Македонија ќе го доживее најголемиот дебакл и ќе се соочи со сериозни проблеми од оние кои што не живеат во едноумието, а се стремат кон демократија и слобода на народот. Јас сум еден од тие!!!

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА!!!

поврзани објави

Последни објави