Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје не успеа да ја продолжи победничката серија од три победи во АБА лигата, откако беше декласиран на гостувањето кај ФМП со 101:82.
Неизвесно беше во поголемиот дел од првиот дел, каде натпреварот беше во егал, за во последните минути пред одморот домаќинот да обезбеди солидна предност од 44:37. ФМП го доби третиот период со 27:16, при што на момент имаше позитива и од 23 поени (71:48). Последниот период беше само рутина ја потврдување на победата на српскиот тим.
Убедливо најдобар поединец во македонскиот табор беше Скот со 26 поени и 10 скокови, Дреновац даде 14, додека Клоф имаше 12 поени. Кај ФМП имаше низа расположени играчи, Остин реализираше 20, Апиќ 17, додека Љубичиќ средбата ја заврши со 15 поени.
„Штрковите“ сега имаат 15 порази и 8 победи, со што остануваат само со една победа повеќе од тимовите кои се наоѓаат на дното. ФМП пак многу веројатно го обезбеди опстанокот, откако дојде до десеттата сезонска победа.