fbpx
10.8 C
Skopje

Неверојатна голеада во ЛШ: одлична предност обезбедија Атлетико Мадрид и Манчестер Сити

АКТУЕЛНО

Вечерва се одиграа два осминафинални натпревари од Лигата на Шампионите, каде беа постигнати неверојатни 14 голови, а публиката на „Етихад“ и „БајАрена“ можеше комплетно да ужива.

Во Англија, Манчестер Сити како домаќин го победи Монако со 5:3. „Граѓаните“ во предност дојдоа со голот на Стерлинг, но Фалкао и Мбапе погодија за комплетен пресврт пред одморот.

Во вториот дел Фалкао промаши пенал, па Агуеро изедначи на 2:2. „Ел Тигре“ за момент ја поправи грешката и пак погоди за 2:3 на својот тим. Сепак, до крајот на средбата, избраниците на Гвардиола со погодоците на Агуеро, Стонс и Сане дојдоа до комотна предност пред реванш средбата.

Имаше голеада и во Германија, но навивачите на Баер Леверкузен беа разочарани, затоа што нивниот тим беше поразен со 2:4 од Атлетико Мадрид.

Нигуез и Гриезман погодија за „јорганџиите“ во првиот дел. Во второто полувреме Белараби намали на 1:2, но брзо Гамеиро од пенал ја врати предноста од два гола. Со автоголот на Савиќ „фармацевтите“ намалија пак на гол негатива, но конечниот резултат го постави Торес.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -