23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ВИДЕО: Актерката Марго Роби стана амбасадор на хибридните автомобили на „Nissan“

Ѕвездата од „Suicide Squad“ и „The Wolf of Wall street“, Марго Роби е новиот амбасадор на хибридните автомобили на „Nissan“. За да ја одбележи соработката со „Nissan“, Роби учевствува во кратко видео со идниот модел „BladeGlider“ во полноноќна рута на Монако Гран При.

„Nissan BladeGlider“ кој забрзува до 100 km / h за помалку од 5 секунди, е вистински предизвик за имагинација за тоа како изгледа возилото на иднината.

Марго Роби го тестира возилото на затворените улици на Монако а кон неа се приклучува и втор BladeGlider.

Во видеото актерката ги демонстрира и дрифт можностите на Nissan Blade Glider.

„Ова е навистина возбудливо време за хибридните автомобили“, вели Марго Роби. Луѓето ги избираат и претпочитаат, за да можат да придонесат за една одржлива иднина, а Nissan Blade Glider навестува како ќе изгледа иднината со интелигентните спортски автомобили.

„Револуцијата во светот на хибридните автомобили е реалност, но и факт. Како светски лидер во продажбата на хибридните автомобили, повеќе од било кога, е важно да покажеме какви се предностите на еден ваков автомобил – од енергетската ефикасност до одржлива мобилност. Со Марго како наш амбасадор ќе успееме уште побрзо да стигнеме до корисниците и да ги запознаеме со нашата порака“, вели Герет Днсмор, директорот на хибридните автомобили во Европа на „Nissan“.

https://www.youtube.com/watch?v=AdGHwotnQGc

поврзани објави

Последни објави