7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Ахмети: Нема многу разлики меѓу ставовите на ДУИ и СДСМ!

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во седиштето на ДУИ во Мала Речица, изјави дека нема многу разлики меѓу ставовите на ДУИ и СДСМ.

„Употребата на албанскиот јазик со устав е загарантирана. Деновиве ќе го свикаме Централното претседателство за да донесеме важна одлука. Во меѓувреме, очекуваме експертите да најдат решенија. Нема многу разлики меѓу платформите на ДУИ и СДСМ. Денеска не разговаравме за потписите, туку за различните ставови на партиите“, изјави Ахмети.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -