6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВИДЕО: Казни за Катица Јанева и Фатиме Фетаи во висина од по 2.000 евра

Денес се одржа судењето за нарачаните „шлаканиците“ за Жерновски, а уште пред самиот почетокот на рочиштето, в.д. претседателката на Основен суд Скопје 1, Татјана Михајлова ги казни двете специјални јавни обвинителки, Катица Јанева и Фатиме Фетаи со по 2.000 евра, поради како што вели таа непочитување на судот.

Обвинителката Фатиме Фетаи од судот побара да се изјасни зошто снимките не биле доставени внатре од судењето, а извештајот што судијката го испратила го нарече интелектуален фалсификат, затоа што не бил точен.

Откако судијката Татјана Михајлова и го одзеде зборот на Фетаи и напомна дека нема елементарно почитување кон судот, ја казни со 1000 евра, а потоа истото се случи и со Катица Јанева.

Од страна на Фатиме Фетаи беше возвратено дека судијката нема елементарно познавање на правото, додека Јанева и кажа дека само заслужува да го носи името судија, но не и в.д. претседател на Судот.

ВИДЕО: A1ОН

поврзани објави

Последни објави