6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Почнува кампања за заштита од дискриминација врз сите основи

Започна кампањата за заштита, препознавање и пријавување на дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет под закрила на Здружението Х.Е.Р.А, Коалицијата на сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, со поддршка на Холандија.

Капањата ќе биде презентирана на национално ниво со фокус на локалните самоуправи, а ќе бидат одржани дополнително и требини во 5 градови ширум државата.

„Сѐ уште нема никаков исход од истрагите за нападите на ЛГБТИ Центарот кој се случи во 2012-та година а ни од оној од 2014-та. Нема ни ефикасни истраги од обвинителството, така што ова е проблем кој постои повеќе години. И ние постојано потсетуваме, но и Европската комисија постојано бара преку извештаите да се истражат овие случаи, да се третираат како насилство од омраза врз сексуална ориентација и родов идентитет, но тоа не се случува. Сме имале обиди за соработка со МВР, досега сме немале некои конкретни активности, уште и минатата година пробавме, но се случи политичката криза. Изготвивме и прирачник за тоа како полицијата да постапува со ЛГБТИ лицата, се надеваме и на понатамошна соработка во насока на тренинзи. Еден од главните проблеми кој сме го детектирале зошто ЛГБТИ лицата не пријавуваат насилство и дискриминација во полиција е недостигот од доверба во постапувањето на полицијата, односно дека полицијата ќе го издаде на околината т.е. ќе го открие неговиот идентитет“, изјави Драгана Дрндаревска од организацијата Х.Е.Р.А.

Во овој проект се вклучија и Народниот правобранител, Министерството за правда, Комисијата за заштита од дискриминација и Општините Куманово, Штип и Струмица.

„Од сите општини кои ги контактиравме, само три се одзваа за соработка со нас за утврдување на механизмите за дискриминација. Потребата од константно потсетување на јавноста за препознавање и пријавување на случаите на дискриминација доаѓа од тоа што бројот на претставки е во постојано опаѓање“, изјави Драшко Костовски, програмски директор на Х.Е.Р.А.

поврзани објави

Последни објави