Вчера во Прилеп лице додека работело на својата нива пронашло граната која како што информираат од полицијата била од Првата светска војна. Лицето со иницијали Р.Д ја пријавило гранатата во ПС Прилеп, а екипа од полицијата извршила увид на местото на настанот.
„На 21.02.2017 година околу 11.00 часот во ПС Прилеп, Р.Д. (31) од Прилеп пријавил дека, додека извршувал земјоделски работи во својата нива, пронашол неексплодирана граната од Првата светска војна. Во 13.00 часот од страна на претставник на Дирекцијата за заштита и спасување истата е безбедно подигната“, информираат од ПС Прилеп.
Подетални информации околу тоа дали бомба и кога ќе биде уништена засега нема.