Голем пожар го зафати еден од најголемите студентски домови во Хрватска, стациониран во центарот на главниот град Загреб.
Имено во кујната на еден од блоковите на студентскиот дом „Цвјетно насеље“ избил пожар кој екстремно брзо се проширил и наоколу.
Студентите и персоналот во најбрз можен рок биле евакуирани со што се спречило поголема катастрофа, иако првичните информации говорат дека има и најмалку четири лица повредено, од кои три студенти поради гушење и еден случаен минувач кој бил удрен од противпожарните возила.
На лице место излегле 9 противпожарни возила со 25 пожарникари, како и бројни полициски сили и екипи на Брзата помош.