11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Денес по 12. пат започна Меморијалниот марш „Борис Трајковски“

Денес  петнаесетина планинари од Радовиш и Струмица го почнаа Меморијалниот марш во чест на трагично загинатиот поранешен претседателот Борис Трајковски. Маршот започна од родниот град на Трајковски, Струмица и ќе биде со крајна дестинација во Скопје.

Маршот се организира по 12. пат од страна ПАОК „Ентузијаст“, а истиот ќе заврши во недела на 26 февруари на градските гробишта Бутел, каде што ќе се одржи чествувањето на гробот на Трајковски.

„Ова е првиот дел од Меморијалниот марш. Очекуваме учество на планинари од различни градови во една од четирите фази на 202 километарската траса. Според нашите очекувања, 15 планинари ќе ги поминат сите километри. Во текот на маршот имаме обезбедено возило со храна и друга опрема за да ни помогне во текот на планинарењето“, изјави Коло Ристов од ПАОК „Ентузијаст“.

Планинарите од ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица заедно со планинарите од ПАОК „Бел Камен“ од Радовиш ќе поминат 202 км.

 

поврзани објави

Последни објави