Третина од жителите на Јемен смртно се загрозени во недостаток на храна после воените интервенции на Саудиска Арабија предупредува координаторот на Обединетите Нации на оваа земја, Џејми Мекголдрик.
„ Седум милион Јеменци незнаат од каде и кога ќе го добиат нивниот следен оброк“, изјави Мекголдрик.
Најсиромашната арапска земја од март 2015-та година се соочува со константно бомбардирање од страна на Саудиска Арабија која уништи добар дел од инфраструктурата.
Судирите на запдниот брег додатно го отежнуваат приоѓањето на бродовите, додека дистрибуцијата и понатаму е комплицирана и скапа.