4.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Заев од Сараево: Политичките партии се усогласени за законот за употреба на јазиците!

Лидерот на СДСМ кој  е во работна посета на Босна и Херцеговина во изјава за медиумите рече дека потписите за добивање мандат се обезбедни, а ставовите на ДУИ и СДСМ се усогласени.

„Синоќа раководството на ДУИ донесе одлука да ги обезбеди потписите и да ги дадат“, рече Заев од Сараево.

Тој додаде дека потписите се обезбедни и според него останува мал дел од преговорите да се договорат околу формирање на Влада.

„Најзначајните прашања, законот за употреба на јазиците, платформата на албанските политички партии се усогласени. Тоа беа суштествените работи, останува да се договориме за ресорите и владината програма, а се надевам дека за 20 дена Македонија ќе има нова Влада предводена од СДСМ“, рече Заев.

поврзани објави

Последни објави