13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Познати осминафиналните парови во Лига Европа

Откако вчера беа комплетирани 1/16-финалните натпревари, денес беше извршена и ждрепката за осминафиналните парови во Лига Европа, каде среќата сакаше да има германски и белгиски судир.

Еден од главните фаворити за титулата, Манчестер Јунајтед ќе игра против рускиот Ростов Дон, додека Рома, која исто така конкурира за висок пласман, за противник го доби француски Лион.

Во италијанската пресметка ќе играат Шалке 04 и Борусија Менхенгладбах, додека во белгиската тоа ќе бидат Генк и Гент. Во останатите средби ќе играат Бешикташ – Олимпијакос, Селта – Краснодар, Копенхаген – Ајакс и АПОЕЛ – Андерлехт.

Првите натпревари на програмата се на 9. март, додека реваншите се седум денови подоцна.

поврзани објави

Последни објави