Освојувачот на Купот во Македонија, тимот на Карпош Соколи не успеа да ја продолжи победничката низа, откако беа поразени на гостувањето кај Цедевита со 81:77, во натпревар од регионалната АБА-лига.
Избраниците на Николиќ одиграа еден одличен натпревар, каде долг период имаа и водство, се водеше неизвесна битка се до самиот крај, но веројатно во завршницата одлучи поголемото искуство на домашниот тим.
Одличен кај „соколите“ беше Лабовиќ кој постигна 27 поени, Мавра имаше 18, додека Трајковски забележа дабл-дабл со 14 поени и 11 скокови.
Во домашниот табор најефикасен беше Араповиќ со 16 поени, 14 имаше Билан, додека со 10 поени средбата ја завршија Крушлин и Боутрајт.