11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ахмети му ги даде ПОТПИСИТЕ, на потег Заев – да состави ВЛАДА

По речиси 10 часовни преговори на централното претседателство на ДУИ во Мала Речица, одлучено е потписите од мандатите да му бидат дадени на Зоран Заев.

Информацијата која се очекуваше и најавуваше во претходните денови, ја потврди портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, кој додаде дека мандатот ќе го добие Заев, но за Влада дополнително ќе се разговара.

„Ќе и дадеме поддршка на СДСМ со десет пратеници, но тоа не значи и коалиција, односно договор за нова Влада. СДСМ ќе добие поддршка за да го добијат мандатот, да се деблокираат некои процеси. Собранието да започне да работи и да се испочитуваат роковите за локалните избори. Доколку се одлучиме за заедничка Влада, ќе треба да ни се усогласуваат и програмите“, истакна Османи.

поврзани објави

Последни објави