Градоначалниците од Истокот се состана, по што реагираа кон СДСМ и албанските партии

112

Градоначалниците од Источниот регион на денешната попладневна средба во Берово покрај темите за кои распрваа од делокругот на одлучување, излегоа со заедничко соопштение на најавата за воведувањето на двојазичност.

„Остро реагираме на најавата за воведувањето на двојазичност во јавната администрација на територијата на целата држава и енергично се спротивставуваме на таквите заложби на партиите кои тоа го заговараат, односно на раководството на СДСМ и албанските партии“, се наведува во заедничкото соопштение.

Претседателот на Источниот плански регион, Ратко Димитровски, рече дека тоа би било единствен пример во светот и би било преседан во една суверена унитарна држава некој да помисли да воведе такво нешто.

„Единствени сме и ќе се заложиме во сите нивоа да не помине такво нешто во законодавниот дом“, истакна Димитровски.