13.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

Големата пророчица Ванѓа рекла: На некои подароци радувај се, од други чувај се!

Големата пророчица Ванѓа рекла: “На некои подароци радувај се, од други чувај се”. Во суштина, според народното верување, има подароци со негативна енергија, од кои подобро треба да се откажеме. Ние ви нудиме да дознаете кои предмети ветуваат проблеми и она што е потребно да го знаете за да се заштитите себеси и вашите најблиски од несреќи.

Што не треба да подарувам!

1. Нож 
Ножеви, ножици и секакви други предмети за сечење човек треба да си набавува сам. Во предметите со сечила се акумулира премногу негативна енергија. Ако дарувачот многу упорно инсистира, пробајте да го купите предметот од него, макар и за симболична сума.

2. Часовник 
Овој предмет го предвидува времето. Се чини дека е ништо посебно, но часовниците имаат тенденција да заостануваат и да запираат. За да не се дозволи таков подарок кој би го симболизирал крајот на среќниот живот, подобро е да се плати за него неколку пари на оној кој ви го подарува.

3. Паричникот 
Примајќи како подарок празen паричник, ризикувате да ja пропуштите готовинската среќа. Може да се стави дури денарче во него, но празен паричник не треба да се подарува никако! Подобро е да се откупи таков подарок, за да не избега вашата среќа …

4. Марамчиња 
Во културите на многу народи постои традиција на погребни церемонии да се поклонуваат марамчиња. Овој предмет  е тесно поврзан со солзи и тага.

5. Бисери 
Таков подарок може да привлече проблеми, загуби и болести. Во многу земји во светот, бисерите ги симболизираат безутешните солзи на вдовици и сирачиња.

6. Огледало 
Огледалото е премногу мистериозен предмет, за да си дозволиме така лесно да го подаруваме или добиваме. Се смета дека таков подарок може да влијае на убавината, младоста и виталноста на примачот. Особено потребно е да се пазите од антички огледала.

7. Ракавици
Со користење на ракавици се поврзуваат многу магични ритуали насочени кон манипулирање на личноста. Затоа, ваквите предмети е прифатено да се разменат “око за око”, како што се вели. Кон народните верувања може да се третираат поинаку: со насмевка, со изненадување, па дури и со негодување. Најбитно е следново, ако подарокот е подарен со чисто срце и отворена душа, тогаш никакви мистични сили не ќе успеат да ви наштетат.

поврзани објави

Последни објави