10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

ВИДЕО: Бизарен црвен картон кој го обележи викендот во Англија

Леонардо Бацуна, 25 годишен дефанзивец на Астон Вила, ја направи најголемата глупост за овој викенд во Англија, на натпреварот против Дерби.

Холанѓанецот беше исклучен поради конфликтот со помошниот судија. Имено, Бацуна не беше задоволен од одлуката топката да биде доделена на противничкиот тим, па тргна на пресметка со судијата.

Безпотребно тој го закачи помошникот со глава. Иако контактот беше минимален, тоа не му беше опростено, а резултираше со црвен картон.

Ова е еден од најбизарните картони оваа сезона во светот на фудбалот, но сепак Астон Вила на крајот успеа да излезе како победник.

Погледнете ја лудата реакција на холанѓанскиот фудбалер.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави