-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шкендија целосно надиграна на „Филип Втори“: Вардар ита кон нова титула!

Тимот на Вардар го доби дерби дуелот од 20. коло во ПМФЛ, откако пред своите гледачи на Арената „Филип Втори“ беа подобри од директниот ривал за титулата Шкендија со 3:1.

По огромна грешка на Јовановски, Вардар прв дојде во водство, со голот на Тигран Барсегјан. Тој имаше уште една одлична шанса, но неговиот удар заврши во директор на гостите.

Сепак, Шкендија успеа да изедначи преку Бесар Ибраими, кој немаше проблем да погоди по одличната асистенција на Хасани. И кога сите очекуваа реми на полувреме, плановите ги промени Фелипе со прецизен удар од белата точка.

Во вториот дел, Фелипе само го потврди својот одличен настап со прекрасен гол од слободен удар, поставувајќи го конечниот резултат и појаснувајќи кој е кој на „Филип Втори“.

На останатите средби, Шкупи и Работнички одиграа 1:1, бодовите ги поделија и Ренова и Македонија ЃП (2:2), додека Силекс со 2:0 ја совлада Победа. Вчера, Пелистер беше подобар од Брегалница со 2:1.

поврзани објави

Последни објави