Неодамна американски студии на научници потврдија дека има поволни ефекти од мајчиното пеење врз развојот на бебето.
Станува збор за вообичајни активности кој се среќаваат во сите култури, а сега е и научно потврдено дека пеењето го привлекува вниманието на бебето и ја зголемува поврзаноста помеѓу мајката и детето. Поранешни истражувања веќе покажаа дека бебињата имаат вродена способност да доживуваат и слушаат музика на многу сложен начин.
Докажано е дека музиката го поттикнува развојот на мозокот на бебето и го зајакнува памтењето дури и пред раѓањето во текот на бременоста.