Авганистаците се повикуваат да садат повеќе дрва заради „користа во овој и на оној свет“. Ваков проглас упатија талибанците во Авганистан во име на својот лидер Хајбатулах Акунџада.
Оваа порака е упатена во име на Акунџада, верски лидер, за кој се верува дека се крие од мај минатата година кога стана лидер на талибанците.
Лидерот Акунџада, кој минал 15 години држејќи проповеди во џамии во Пакистан, во пораката, со која повикува зголемување на садењето дрва во земјата, интепретираше стихови од Куранот.
„Садењето дрва и земјоделството се сметаат за дела, кои носат добробит на овој свет и големи награди на другиот свет“, наведе Акунџада.