7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев ќе го побара мандатот, ќе му го додели ли Иванов?

Денес претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе го побара мандатот од претседателот Ѓорге Иванов, откако ќе му ги достави потписите од 67 пратеници.

„Очекувам денеска или утре, господинот Иванов да ни го даде мандатот за формирање влада, во согласност со членот 90 од Уставот“, изјави Зоран Заев.

Иванов сега е под голем притисок, затоа што според неофицијални информации, од една политичка партија од него побарале да не му го даде мандатот на Заев.

Од друга страна, експертите по уставно право потенцираат дека по ова прашање претседателот нема никаков маневарски простор.

поврзани објави

Последни објави