7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нивото на Охридското Езеро е четири сантиметри над дозволениот минимум

Нивото на Охридското Езеро е четири сантиметри над дозволениот минимум, откако претходно нивото на Охридското езеро беше пет сантиметри под дозволениот минимум.

Ова е значително подобрување за Охридското езеро, додека Дојранското има уште 24 сантиметри до максималниот водостој, соопшти УХМР.

Како што покажува неделната хидролошка состојба, нивото на реката Црн Дрим кај Ложани се движи меѓу 19 и 27 сантиметри за разлика од февруарскиот просек кој изнесува 123 сантиметри.

Потпросечни се и нивоата на Пчиња кај Катлановска Бања, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип, Струмица кај Сушево и Црна Река кај Новаци.

поврзани објави

Последни објави