Скоро 17 години откако се појави во понудата на финската компанија „Нокија“ нејзиниот можеби најпопуларен модел „3310“ повторно е на пазарот. Купувачите за новата верзија на овој модел ќе мора да издвојат 50 евра.
Компанијата „ Ејч-Ди-Ем глобал“ која ја поседува „Нокија“, на светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона ги претстави новите модели, меѓу кои и своевремената верзија на легендарната „нокија 3310“.
Телефонот не е смартфон и ги удоволува истите можности како оргиналниот модел ( телефонирање, праќање порака и истрајна батерија, која ќе трае три дена). Новата верзија е унапредена и со камера од два мегапиксели.
Претходниот модел тежеше 137 грама, додека пак новата верзија е околу 79 грама. Достапен е во црвена и жолта боја, како и во плава или сива.