fbpx
9.8 C
Skopje

Собранието на НБРМ ја одржа втората седница

АКТУЕЛНО

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата втора седница, на која беа разгледани и усвоени Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија и Годишната сметка за 2016 година, коишто беа предмет на ревизија на независно друштво за ревизија.

Според мислењето на независниот ревизор, Финансиските извештаи на Народната банка на Република Македонија, од сите материјални аспекти, објективно ја претставуваат финансиската состојба на Народната банка на Република Македонија на 31 декември 2016 година, како и резултатите од работењето и паричните текови за годината што заврши, во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).

Советот на Народната банка на Република Македонија денес ја одржа својата трета седница, на која беше разгледан и усвоен Извештајот за работењето на внатрешната ревизија за 2016 година, при што беше заклучено дека Дирекцијата за внатрешна ревизија целосно ја спроведе својата програма за работа.

Внатрешната ревизија ги остваруваше своите основни цели преку систематско оценување и давање препораки за подобрување на процесот на управувањето со ризиците, соодветноста и ефективноста на внатрешните контроли, давајќи уверување за ефикасната и економична употреба на ресурсите, безбедното чување и заштита на средствата, веродостојноста и интегритетот на финансиските и другите информации и усогласеноста на работењето со законските и подзаконските акти, интерните политики и процедурите за работа.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -