Нова истрага најави СЈО, овој пат под таа се води под името „Труст“, како и проширување на предметот „Титаник“ за уште 17 функционери на власта.
„За првиот предмет “Титаник“ ве извесутувам дека во оваа фаза е проширен за 17 лица и за повеќе кривични дела, има и финасиски импликации. Се должи на тоа што по прислушувањето на материјалите видовме дека има повеќе лица кои се инволвирани во во овие кривични дела, а се утврди 17 лица кои делувале како организатори и се функционери на власта. Основаното сомневање призлегува од поголем дел материјални докази“, рече Јанева.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека ќе СЈО ќе покрене постапки за сите кои ја отежнуваат и бојкотираат работатата на обвинителството.
„Одредени функционери не ја почитуваат институцијата и законот и затоа ќе се спротивсавиме за непочитувањето. Нашиот пристап секогаш бил професионален, па иако сакаме да спроведеме професионална соработка, тоа со некои не се случи“, рече таа.