Нилскиот коњ Гутавито, од зоолошката градина во Ел Салвадор ја подели судбината со уште 5 илјади жители на оваа земја убиени минатата година, по тоа што непознати лица го избоделе и претепале со метална шипка.
„Навикнавме секојдневно да гледаме мртви. Не убиваат како муви, но ова навистина ја прелеа чашата“, изјави уличен продавач пред зоолошката.
Ел Салвадор е една од најбруталните земји во светот со оклу 14 илјади убиства дневно и моќни банди кој владеат по улиците.