Протестниот марш покренат од граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ веќе втор ден се одржува низ улиците на главниот град на државата, а учесниците како што велат се со една и единствена цел, зачувување на македонската држава и унитарност. Тие истовремено велат дека се против коалицирањето на СДСМ и ДУИ, и прифаќањето на Платформата на албанските политички партии. Најголем револт кај учесниците има за најавената двојазичност од страна на албанските политички партии.