Во изминатите денови се потензична е ситуацијата на македонската политичка сцена, откако веќе втор ден граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ маршира низ улиците на Скопје. Нивна цел како што велат, е одбрана и зачувување на македонската држава.
На еден од протестите вечерва осамна и транспарент кој граѓанинот го држи во рака на кој пишува „Муртинско копиле, ти најдов поп, ти ископав гроб“, упатувајќи ја пораката кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Ова не е единствена порака, напротив Македонските граѓани се сведоци на испади од типот со надгробен крст на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а не беше поштеден и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија морбидна фотографија беше објавена на социјалните мрежи, на која тој се прикажува како „мртов“ лежи во ковчег.