23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

УМС НА ВМРО НП: Институциите да превземат мерки за да не дојде до заострување на безбедносната состојба!

Унија на млади сили на ВМРО-Народна партија е загрижена во однос на последните случувања со инцидентите во кои главна улога имаат млади луѓе.

Упатуваме остра реакција но и апел до сите релевантни институции да превземат навремени мерки за да не дојде до заострување на безбедносната состојба и не се повторат инцидентите од пред неколку години кога скоро секој ден имаше по неколку случаеви на напади врз и помеѓу младите луѓе.

Не сакаме ниту да помислиме дека сите овие инциденти се плод на нечија режија и сценарио за одвлекување на вниманието во пресрет на последните случувања околу политичката криза во Македонија.

Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија  воедно повикува на смиреност и трезвеност, па секое изразување на револт, доколку го има да биде три пати промислено и во склад со нормалните човечки односи, бидејќи ножевите не ни носат ниту добро ниту просперитет туку само не враќаат назад и оставаат трајни последици по меѓучовечките односи во државата.

 

 

 

 

 

 

поврзани објави

Последни објави