6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Иванов изврши државен удар!

Претседателот на СДСМ во изјава за медиумите од седиштето на СДСМ рече дека Иванов извршил државен удар а со неговата одлука да не го довери мандатот ја внесува Македонија во длабока криза.

„Ѓорѓе Иванов со одлуката да не го додели мандатот, со што е обврзан според Уставот, изврши државен удар. Иванов ја внесува Македонија во длабока криза, со несогледливи последици по државата. Тој прави уставно-државна криза со што ја негира мнозинската волја на граѓаните и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Со ваквото однесување уште еднаш се стави во улога и сооучесник на раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. 

Нема да дозволиме никој да си игра со иднината на државата, за лични, политички и криминални цели. Концептот кој е поддржан од мнозинство е единствен гарант за унитарноста на државата. Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации, да останеме смирени. Идната Влада ќе се фокусира на потребите на граѓаните и на владеење на правото. Се ова што се случува, сме го виделе претходно од Никола Груевски. Груевски тоне, но нема да дозволиме да ја потоне Македонија. 

Иванов да ја повлече одлуката и да го додели мандатот, Уставот го обврзува тоа. Не смее да ја негира мнозинската волја, која е преточена во 67 мандати“, рече Заев.

поврзани објави

Последни објави