19.8 C
Skopje
Friday, April 25, 2025

Крај на протестот во железницата

Денес со почеток во 16 часот ќе започне да функционира железничкиот сообраќај во државата, откако двете страни се договорија протестот да прекине.

Вработените во МЖ Транспорт конечно се договорија со в.д. директорот, Игор Коруновски платата за јануари да биде исплатена веќе идната недела, па до крајот на месецот да ја добијат и платата за февруари.

Протестите на вработените во Македонски железници започнаа пред околу две недели, откако не добија две плати. Вработените добија ветување и дека од април ќе започне редовна исплата на платите.

поврзани објави

     

Последни објави