Германската полиција утринава уапси двајца Сиријци, припадници на исламска терористичка група, од кои едениот е обвинет за воени злостроства во Сирија, соопшти германското Јавно обвиннителство.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, едниот осомничен Абдалфатах Х. (26), кој бил член на Фронтот Ал Нусра, што е дел од мрежата на Ал Каеда, е уапсен во Дизелдорф, а вториот, идентификуван како Абдулрахман А. (35), припадник на истата организација, е лишен од слобода во Гезен.
Абдалфатах Х. е осомничен за возни злостроства поради убиство на 36 службеници на сириска влада.
Според германското обвинителство, тој спроведувал смртни казни во името на Ал Нусра, а во Германија се соочува и со казна за прекршување на меѓународните закони за поседување оружје.
Германското обвинителство одбива да ги потврди медиумските извештаи дека еден од уапсените имал статус на барател на азил.