6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

За половина век – Исламот ќе биде најбројна религија

Според најновите истражувања и анализи, исламската религија за половина век, односно околу 2070. година би требало да биде најбројна религија на светот.

Ова го тврди американскиот „Пју Рисрч Центар“, кој ги анализирал демографските промени во главните светски религи. Според тие податоци, светската популација на муслиманите ќе пораснае за 73% во периодот од 2010. до 2050. година, додека пак христијанството во истиот период ќе порасне за 35%.

Целата светска популација ќе порасне за 37% до 2050. година, а несвојствено е што ќе се намали и бројот на атеисти и нерелигиозни луѓе. Оваа бројка сега изнесува околу 16,4%, а до 2050. година истата ќе биде 13,2%.

поврзани објави

Последни објави