Американскиот потпретседател Мајк Пенс го користел својот личен мејл за служебни цели додека ја заземал должноста гувернер на државата Индијана, соопшти неговата канцеларија, цитирана од британските медиуми.
Весникот соопшти дека минатото лето бил хакиран личниот акаунт на Пенс.
За време на предизборната кампања Пенс ја критикуваше кандидатката за претседател, Хилари Клинтон, заради користење на нејзиниот личен мејл сервер додека била на функцијата американски државен секретар. Тој тогаш кажуваше дека на тој начин таа под закана ја ставила националната безбедност.
„Исто како и претходните гувернери, за време на својата работа како гувернер на државата Индијана, Мајк Пенс имаше државен мејл и личен мејл“, се наведува во соопштението на канцеларијата на Пенс.
Законите на државата Индијана на јавните службеници не им забрануваат да користат лични мејелови, соопшти весникот „Индијанополис стар“.
Во текот на јуни мејлот на Пенс бил хакиран од измамник, кој испратил молба за пари до неговите мејл контакти. Потоа гувернерот си направил нов акаунт во АОЛ.
Во јули, пак, Пенс беше избран од сегашниот претседател Доналд Трамп за негов партнер во предизборната трка.