23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

ВИДЕО: „Србија – Русија, не ни треба Унија“ – скандираа пратениците при приемот на Могерини во Србија!

Откако претходно беше во Скопје, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, која оствари средби со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов и со лидерите на политичките партии во Република Македонија, замина во Србија. Таа беше пречена со скандирања од страна на пратениците на српското Собрание кои почнаа да скандираат „Србија – Русија, не ни треба Унија“

https://www.youtube.com/watch?v=8LKQ1F9CL58

На почетокот, Могерини ги поздрави пратениците со „добар ден“ на српски, наведувајќи дека и е чест што се обраќа во домот на српската демократија. Обраќањето не го прекина и покрај скандирањето, освен тоа што еднаш се осврна кон пратениците кои скандираа.

Пратениците на Српската радикална партија на Шешељ скандираа и удираа по пратеничките клупи извикувајќи дека не признаваат и не им требаат непријатели на Србија.

поврзани објави

Последни објави