6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

„За заедничка Македонија“ – Згрозени сме од навредите на Заев и Шилегов!

„За заедничка Македонија“ одговорија на како што велат тие, навредите на политичарите од СДСМ.

„Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија е згрозена од настапите на политичари како Заев, Шилегов и дел од новинарите како Кате Блажевска, кои граѓаните кои ја поддржуват иницијативата „За заедничка Македонија“ ги нарекоа пијаници, бандити и фашисти. Ова е навреда за сите луѓе кои излегуваат да протестираат и да дадат поддршка на иницијативата „за заедничка Македонија“. Она што за ние се залагаме на улиците на Македонија, е базирано на она за што се залагале Асномците. Нашите идеји се базирани на мислата на овие луѓе. Тие не биле фашисти и се бореле против фашистите. Ваквите квалификации се срамни. Ова е уште еден обид на луѓето да им се наметне срам за својот патриотизам, слободна мисла и дејствување за доборото на татковината. Нема срам од љубовта кон Македонија. Меѓу нас има само вредности и позитивна мисла. Им благодариме на сите граѓани кои излегоа на улиците и ги повикуваме граѓаните на домаќински начин да продолжиме да се бориме за заедничка Македонија“, вели Илиевски, еден од основачите на граѓанската организација „За заедничка Македонија“.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -