20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Одбележан денот на општина Тетово!

Денес, 3 Март е одбележан денот на општина Тетово.

3 Март е денот кога во Тетово се формирал повеќепартиски  совет, кој е сменете 2003 година, додека претходно истиот бил на 19 Ноември т.е. денот кога е ослободено Тетово од окупаторот.

По повод денешното одбележување на денот на општина Тетово, свое обраќање во големата сала на општинскиот Совет имаше градоначалничката на Тетово, Теута Арифи која истакна дека Тетово претставувал град во кој водата за пиење била неколкучасовен луксуз, во кој главните улици биле со голем број дупки и немало зелени површини. Арифи нагласи дека Тетово денеска повеќе не се бетонира, има вода за пиење, посреден сообраќај, зеленило, како и асфалтирани улици без дупки.

„Градот може да се продолжи да се менува уште повеќе само доколку се движи во соодветен правец и само доколку неговите авторитети и граѓаните придонесат во процесот на неговата промена искрено и со убедување, чекор по чекор движејќи се кон правците на развојот за еден ден и да наликува на швајцарски град“, рече Арифи.

На настанот се доделија награди за луѓе кои дале свој придонес за развој на општина Тетово. Со една таква награда се здоби и талентираната музичка тројка „Шербет“ од Тетово, која доби награда за „афирмација и придонес во културата на градот Тетово“.

поврзани објави

Последни објави