Меѓународниот комитет на црвениот крст денеска соопшти дека дванаесет луѓе меѓу кои пет деца и две жени се примени во болница близу ирачкиот град Мосул.
Од таму не прецизираат дали станува збор за еден или неколку напади со хемиско оружје ниту кој е одговорен.
„МКЦК остро осудува користење хемиско оружје за време на судири околу градот Мосул“, се вели во соопштение од органзиацијата.